Фамилијата Primulaceae (Јаглики) најчесто се повеќе годишни растенија, а во оваа фамилија припаѓаат повеќе од 2700 видови. Потекнува од умерените и северните области на Северната хемисфера.Претставуваат тревести растенија, со прости зељести листови, додека цветовите се среќаваат во најразлични бои кои цветаат релативно рано уште од месец март што објаснува и самиот збор на фалилијата („Primus“што значи „прв“). Се среќаваат на отворени предели, ливади на каменеста подлога. Содржат голем број лековити својства (против кашлица, температура), а со тоа наоѓаат широка примена во алтернативната медицина.
Во Националниот парк Галичица оваа фамилија е претставена со следните видови:
Anagallis arvensis, Anagallisfoemina, Androsace maxima, Cyclamen hederifolium, Lysimachiadubia, Lysimachianummularia, Primulaacaulis, Primulaelatior subsp. intricate, Primulaveris subsp. columnaeи Samolus valerandi.