Шумската јагода е претставник од фамилијата рози Rosaceaeкоја брои повеќе од 4800 видови растенија. Тие со повеќегодишни растенија, а најзастапени се на Северната хемисфера. Шумската јагода е карактеристична по своите троделни назабени листови и белите цветови. Најчесто се размножува вегетативно со столони, а поретко генеративно од семка. Се среќава на високопланински пасишта, на рабови од шума како и на отворени терени најчесто на засенчени места. Се карактеризира со силна пријатна арома на плодовите, а исто така наоѓа примена и во традиционалната медицина како лек против стомачни болки.