...
ЖивотниПтициР'бетнициФлора и Фауна

Alectoris graeca – Еребица камењарка

Еребица камењарка (Alectoris graeca)-вид птица од фамилијата на фазани, редот на кокошковидни. Распространета е во југозападниот дел на Азија и југоисточниот дел на Европа. Еребицата камењарка ја има и во Македонија.

Еребицата камењарка е со слична боја на камењата, од каде што и го добила името. Најчесто е сива, со светлокафеав грб, сиви гради и кремава боја на стомакот. Лицето ѝ е бело со црни линии, а на крилјата има квадратести шарки. Има должина до 36 см, а распонот на крилјата ѝ достигнува до 60 см.

Живее на суви и отворени места, често во ридест предел. Создава мали јата и не е птица преселница. Гнездото го прави на земја и несе од 5-21 јајце. Кога ќе се вознемири таа повеќе трча, отколку што лета. Се храни со разни семиња и инсекти.

КОШНИЧКА
Со кликање на копчето "Се согласувам", се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. За повеќе информации проверете на Политика за приватност
Почнете да пишувате за да ги видите производите што ги барате.

Seraphinite AcceleratorOptimized by Seraphinite Accelerator
Turns on site high speed to be attractive for people and search engines.