Во Централна Европа, оваа жаба населува подрачја од 600 до 800 m надморска височина, додека во појужните региони, вклучително и Балканскиот Полуостров, таа се искачува на многу поголеми височини сé до 2.300 m (Arnold, 2002). Гаталинката преферира хабитати со густа вегетација, било со жбунови или дрвја, или блатни терени. Таа е главно ноќен или самрачен вид, но некогаш е активна и преку ден, особено кога времето е топло и влажно. Се мрести во мирни темпорални води. Периодот на парење започнува од март до мај. Гаталинката хибернира на земја. Во рамките на НПГ, видот е најабундантен во блатата покрај езерата, влажните планински ливади, отворени површини во шуми, на височина од езерските брегови до 1.500 m.
Според Европските документи видот е заштитен согласно: Директивата за живеалишта- Животински и растителни видови кои се значајни за Унијата и се под строга заштита 92/43/EEC (Анекс IV), Конвенција за заштита на европскиот див свет и природните живеалишта (BERN), Апендикс II – Строго заштитени фаунистички видови.