Јужно велигденче е вид дневна пеперутка (Lepidoptera), која спаѓа во фамилијата (Papilionidae). Видот е распространет на суви и топли подрачја каде што има грмушеста вегетација, цветни ливади и пасишта, на надморска висина од од 1000 до 1500 метри. Јајцата се полагаат на вентралната страна на листовите од растението Aristolochia sp. кое претставува и храна за ларвите. Ларвите се кафеави со испрекинати црни линии и црвени латерални туберкули. Летот на Јужното Велигденче е со чести паузи од цвет на цвет собирајќи нектар, додека во вечерните часови се скриени во грмушките. Во Националниот Парк Галичица се среќаваат на цветните пасишта до 1000 метри надморска висина.