Глоговата пеперутка спаѓа во редот на дневни пеперутки (Lepidoptera) поточно во фамилијата на бели пеперутки (Pieridae). Името го добиле по бојата на крилата која најчесто е бела. Таа е една од најшироко распространетите пеперутки, од Шпанија и Северна Америка па се до Европа, Азија (Камчатка) и Јапонија.
Јајцата ги полагаат на вентралната страна на листовите на растението Prunus spinosa или поретко на видови растенија од фамилијата Rosaceae. Ларвите се изведуваат во Јули, се хранат во летниот период, а во Септември паѓаат во хибернација која трае се до Март и Април кога се развиваат во адултни форми. Живеат од Мај до Август. Во Националниот Парк Галичица живее на природни и полу-природни тревести екосистеми, околу водни површини (локви), па се до високо-планинските пасишта на надморска висина до 1600m.