Видот Источно Велигденче е дневна пеперутка (Lepidoptera) која припаѓа на фамилијата (Papilionidae). Распространета е на суви и топли подрачја каде што има грмушеста вегетација, цветни ливади и пасишта, на надморска висина до 1200 метри. Јајцата се полагаат на вентралната страна на листовите од растението Aristolochia sp. кое претставува и храна за ларвите. Летаат од Април до Мај.
Zerynthia cerisyi е многу осетлива на пестициди и други негативни влијанија од земјоделските активности. Распространета е во Македонија, Албанија, Грција и Бугарија. Во Националниот Парк Галичица се среќаваат на цветните пасишта до 1000 метри надморска висина.