Видот е Југозападен Балкански ендемит, опишан од типичен локалитет во рамките на НПГ (долж брегот на Охридското Езеро). Тесно е поврзан со сите типови на акватични биотопи за време на сезоната за парење. После тоа, ја напушта водната средина, но никогаш не се одалечува премногу далеку од неа (Arnold, 2002). Во рамките на НПГ, животниот циклус на македонскиот мрморец е сосема различен. Поточно, тој не ги напушта водните биотопи кои во текот на летото не пресушуваат (локви и мочуришта). Објаснувањето за ваквото негово однесување е поврзано со структурата на базичните карпи на планината (варовнички), што резултира со недостаток на погодни влажни станишта. Матичното подрачје на видот е ограничено на територијата на НПГ, со дисјунктивна дистрибуција на субпопулациите, концентрирани во темпоралните локви и бари, на надморска височина од бреговите на езерата до 1.600 m.
Видот е Балкански ендемит и е заштитен согласно Европскиот документ „ Директивата за живеалишта 92/43/EEC Анекс II: Животински и растителни видови кои се значајни за Унијата и чија заштита бара определување на посебни подрачја за заштита; Анекс IV: Животински и растителни видови кои се значајни за Унијата и се под строга заштита.