Ендемска слатководна риба, која припаѓа на фамилијата пастрмки (Salmonidae). Охридската пастрмка е ендемична рибна врста на Балканот и во Европа. Таа е најблизок потомок на врстите што живееле на тоа подрачје уште во периодот на терциерот. Секогаш живее во водите на Охридското Езеро.
Охридската пастрмка е со сплеснато тело, мала глава и ѕвездести сиви пеги по телото. Нејзината максималната должина се движи од 25-60 см, а тежината до 15,8 килограми. Денот го поминува во длабочините и на места што се доста оддалечени од брегот. На површината на водата испливува во текот на ноќта кога лови муви. Понекогаш приоѓа до самиот брег во плитките води, барајќи храна од подводните растенија. Се мрести од март до мај. Мелезите се настанати со вкрстување на поточната и охридската пастрмка. Тие по телото имаат наизменично распоредени црвени округли и сиви ѕвездести пеги.