Mошне застапен член на фамилијата корморани. Распространет е во Европа, Азија, Африка и на брегот на Атланскиот Океан.
Phalacrocorax carbo е голема црна птица и во зависност од видот има различни големини. Тежи од 1,5 до 5,3 килограми. Достигнува должина од 70-102 см, со распон на крилјата од 121-160 см. Има долг опаш и жолт белег околу клунот.
Возрасните корморани имаат бели дамки над колената за време на сезоната за парење. Најчесто се тивки, но прават различни звуци во своите колонии за парење. Се гнезди на бреговите, се населува на карпи или дрва и поголем дел од животот е на копно. Снесува по 3-4 јајца во гнездо од алги или гранчиња.
Големиот корморан иако може да се нурне во големи длабочини, тој најчесто се храни во плитки води.
Многу ретка варијанта на големиот корморан е предизвикан од албинизам. Корморанот страда од губење на видот или слухот и многу ретко успева да преживее во дивина.