Ѕвездеста габа е вид кој го добила името од латинските зборови Geo (земја) и Astrum (ѕвезда) припаѓа на фамилијата (Geastriaceae) и не е јадлива габа. Карактеристична е по својот изглед кој подсеќа на ѕвезда во основата која на врвот го носи расплодниот материјал (спори) сместени во купола. Бојата е темно кафеава, а големината варира од 6 до 8 cm во дијаметар. Егзоперидиумот (надворешната обвивка) се распукува на 4 до 5 зраци кои ја формираат основата во форма на ѕвезда која е прикачена за почвата со ризоморфи. Видот најчесто се среќава поединечно или во мали групи, во четинарски шуми.