Во Европа овој вид е распространет во централниот и југоисточен дел на континентот. Нејзини типични хабитати се култивирани степи, иако не ги избегнува и шумските комплекси. Овој вид покажува значајна еколошка пластичност. Зелената крастава жаба е главно ноќен вид, иако понекогаш е активна и преку ден, особено на пролет. Периодот на парење започнува од март до мај. За мрестење преферира плитки, темпорални води. Овој вид хибернира (презимува) надвор од водната средина (на земја). Таа е главно низински вид, со просечна вертикална дистрибуција до 1.000 m. Во рамките на НПГ, зелената крастава жаба е регистрирана во различни хабитатни типови, од езерските брегови до височина од 2.000 m.