Asplenium viride или во превод зелен, е вид папрат кој припаѓа на фамилијата Aspleniaceae. По изгледот наликува на A.trichomanes, но се разликува по интензивната зелена боја. Лисните дршки се ползечки или бавно растечки, а на секоја лисна дршка наспрамно се распоредени куси ливчиња, на чија долна страна се сместени сорусите (торбички со спори). Распространет е на Северната Хемисфера, а во Националниот парк Галичица се среќава на влажни карпести предели.