Овој вид припаѓа на фамилијата орхидеи Orchidaceae, а неговото име значи „со цвет како бозел“(мириса слично на бозел). Цвета од пролет до лето најчесто во сино виолетова боја. Од луковицата која има изглед на прсти (што и во превод значи Dactylorhizа) ,се развива стебленцето кое има висина од 10 до 40 cm, а околу него се распоредени 4 до 7 шиловидни листови. Соцветието е составено од многу густо распоредени мембранозни цветови кои цветаат од април до јули. Нивната боја варира од жолта до црвено виолетова. Широко е распространет во Европа, а се поретко се среќава и на Алпите. Во Националниот парк Галичица е распространет на надморска висина до 2000 метри на отворени и добро осветлени високо планинински пасишта и рабови на шума.