Главниот дистрибутивен ареал на видот е во јужниот и источниот дел на Балканскиот Полуостров. Оваа змија е дневно животно, брза е и главно е терестрична, населувајќи суви, отворени хабитати со сиромашна вегетација. Секогаш се сонча на патиштата, па најчесто гине од возилата. Жолтиот смок е многу агресивна змија и најчесто не се повлекува кога е нападната. Кога ќе и се приближиш, таа постојано удира со опашката и спремна е да каса, доколку се фати со рака. Кога лови, може да се искачи од 5 до 7 метри по грмушки и дрвја (Arnold, 2002). Во рамките на НПГ, видот е релативно фреквентен на пониски надморски височини, од бреговите на езерата до 1.150 m.