Слатководна риба, која спаѓа во фамилијата Balitoridae. Овој вид риба е широко распротранет во сите европски води. Камнарот е со долго рамно тело, а неговата мала уста е опкружена со чувствителни влакна, бркови, кои ја прават доста необична риба. Главата одозгора е сплосната, а брковите се наоѓаат околу устата и тоа четири на врвот, а два на аглите од устата. Пегите кои со своите шари наликуваат на мермер, формираат пруги долж сивото тело. На перките има темни пеги. За разлика од другите, европскиот камнар нема крлушки и е со должина од 7-11 см.
Камнарот денот го поминува сокриен помеѓу камењата, а благодарение на својата способност да се камуфлира, често не се гледа во бистрите потоци со каменесто дно, незагадените потоци и реките. Во текот на ноќта излегува од своето засолниште во потрага по храна.
Во периодот на мрестење и женките и мажјаците добиваат грутки по целото тело. Се мрестат за време на пролетта и летото, а полагаат 6000 јајца кои се лепат за подводните растенија и камења. Младите рипчиња се хранат со ситни организми на дното.