Македонската кртица е вид цицач кој припаѓа на фамилија (Talpidae). Тој е балкански ендемит, чиј ареал на распространување е главно ограничен на Западна Македонија, а делумно се протега и во Северозападна Грција, Североисточна Албанија и само маргинално во Црна Гора.
Поседува силно развиени предни нозе со силни канџи со кои копа тунели под површината на земјата долги од од 30 до 50 метри. Телото им е цилиндрично со должина до 20 cm со црно прекриено крзно, очите се мали и закржлавени, а ушите не се видливи. Се исхрануваат со ситни без’рбетници кои живеат под земјата. Кртицата има важна улога во педогенетските процеси на почвата разнесувајќи го хумусниот слој.
Во Националниот Парк Галичица распространет е во природните и полу – природните тревести екосистеми како и на обработливите земјоделски површини, а животниот век им трае од 3 до 6 години.