Flora and FaunaVascular Plants

Taraxacum officinale – Глуварче

Глуварчето е претставник на една од најбројните, фамилијата штитоцветни (Asteraceae) која брои околу 32.000 видови. Претставува повеќегодишно растение и е широко распространето, а се среќава во ливади, рудерални предели и покрај патишта. Соцветието (цветот) е жолт, а кога ќе прецветаат преминуваат во бели топчести образованија кои лесно се дисперзираат од ветрот. Карактеристично е што преку ден цветовите се отворени, додека во текот на ноќта се затворени. При повреда на ткивото, глуварчето лачи материја позната како латекс од која со култивирање на некои видови се произведува природна гума. Содржи многу лековити својства и наоѓа широка примена во традиционалната медиција.

Во Националниот парк Галичица е често и широко распространето.

Shopping cart
Со кликање на копчето "Се согласувам", се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. За повеќе информации проверете на Политика за приватност
Start typing to see products you are looking for.