Оваа фамилија е една од најбројните фамилии на цветни растенија во која припаѓаат околу 13.000 видови, а меѓу најпознатите тука спаѓа кафето. Родот Cruciata е широко распространет во Европа, Азија, Северна Африка па се до Сибир. Претставуваат повеќегодишни растенија најчесто со жолти цветови кои мирисаат на мед. Цветаат од април до септември, а се среќаваат на ливади, отворени терени, покрај патишта генерално на варовникова подлога. Овој род во Националниот парк Галичица е претставен со видовите: Cruciata laevipes, Cruciata pedemontana, Cruciata taurica subsp. Euboea.