AnimalsVertebratesFishFlora and Fauna

Squalius cephalus – Клен

Слатководна риба од фамилијата на краповидни риби. Клен е риба која живее во течение со средна брзина, бистра, чиста вода, во ниски делови на брзи теченија, во длабоки вирови и на места со тврдо каменито дно. Тој спаѓа во шарански врсти на риби, го населува скоро целиот европски континент, освен скандинавското подрачје, а како извонредна врста се наоѓа и во Балтичко Море. Во рамките на Националниот парк Галичица се наоѓа во водите на изворите Св. Наум.

Кленот има долго и силно тело, со должина од 50 см, со голема глава, изразено широко чело и голема уста со која ја вшмукува храната. Прекриен е со крупни крлушки. Бојата на телото му преминува од нијанса на темнозелена преку сива до потполно црна боја, опашниот дел му е сребрен, стомакот блескаво бел и има портокалови до црвенкасти перки. Кај постарите примероци стомакот, повремено добива портокалова боја. Нараснува до маса од 2 килограми.

Shopping cart
Со кликање на копчето "Се согласувам", се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. За повеќе информации проверете на Политика за приватност
Start typing to see products you are looking for.