Info

Algemene Informatie

Националниот парк Галичица препознатлив по својата богата и ретка природа и неповторлива убавина, во 1958 година е прогласен за национален парк со цел да се зачува растителниот и животинскиот свет и природниот изглед на планината Галичица. Околу 2/3 од Паркот е вклучен во границите на Светското природно и културно наследство на охридскиот регион, впишано на листата на Светско културно и природно наследство на УНЕСКО.

Националниот парк Галичица се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, на планинскиот масив Галичица, вклучително и делови од нејзините ограноци Исток и Петрино, како и островот Голем Град во Преспанското Езеро. Планината Галичица е дел од Шарско-Пиндскиот систем на планини. Големите отворени површини кон Охридското и Преспанското Езеро кои ја ограничуваат од исток и запад, придонесуваат во нејзиното јасно визуелно одвојување како засебна целина.

Надморската височина на планинскиот масив Галичица во Македонија се движи од 695 м.н.в. (нивото на Охридското Езеро), односно 850 м.н.в. (нивото на Преспанското Езеро), до 2265 м.н.в. на граничен столб Ф10. Помаркантни коти кои доминираат со релјефот се: Магаро-2254 м.н.в.; Лако Сигној-1984 м.н.в.; Гога-1737 м.н.в. и др.

Основната геолошка подлога на Галичица е од палеoзојски метаморфни силикати, прекриени со слој од масивни порозни варовници, дебел 500-550 м. Поради порозноста на масивните варовници постои подземна врска на Преспанското и Охридското Езеро која е научно потврдена. Водите од Преспанското Езеро на западните падини на Галичица извираат на многу крајбрежни и подводни карстни извори. Највпечатливи карстни извори на Охридското Езеро се изворите кај манастирот Св. Наум. Се состојат од 30 подводни и 15 крајбрежни извори, со вкупен капацитет од околу 7,5 метри кубни вода во секунда.

Паркот претставува жариште на биолошката разновидност во регионот, но и пошироко, во глобални рамки. Паркот се издвојува од другите подрачја со слична големина по исклучителното богатсво на живеалишта и видови на релативно мала територија. На површина од приближно 24000 хектари, се среќаваат повеќе од 37 типови живеалишта, 40 растителни заедници, околу 1600 таксони од васкуларни растенија, над 143 видови лихеноидни габи, повеќе од 480 видови габи и преку 3279 таксони од фауната. Во паркот се среќаваат 4 таксони од без ‘рбетните и 13 од ‘рбетниците кои се сметаат за глобално загрозени. Неколку стотини ретки и заштитени видови во паркот се претставени со значајни популации. Некои од нив се среќаваат само во границите на паркот и тоа: 29 таксони алги, 12 видови васкуларни растенија, 68 таксони без‘рбетни и 4 таксони од ‘рбетни животни. Покрај тоа, паркот го населуваат поголем број таксони кои се среќаваат само во Македонија или Балканот и тоа: 46 таксони виши растенија, 89 таксони без‘рбетници и 14 таксони ‘рбетници.

Културно-историскиот регион содржи повеќе слојни вредности. Нив ги сочинуваат пред се географско-амбиенталните својства на Охридското Езеро и планинските венци кои претставуваат граница на заштитениот регион. Користејќи го езерото како основен извор на живот, многу генерации оставиле зад себе синтези на природното, руралното и урбаното. Од големиот број културно-историски споменици на територијата на Паркот позначајни се: манастирот „Св. Наум“, црквата „Св. Богородица Захумска“, археолошките наоѓалишта на островот Голем Град и многу други.

Како комплексна целина, паркот заедно со Охридското и Преспанското Езеро, претставува релативно ограничена подрачје со многу богата биолошка разновидност, висок степен на хетерогеност и енедемизам и во таа смисла се смета за навистина многу вреден локалитет во Европа.

Contact

Info Center Ohrid

Directoraat
+38946261473
galicica@galicica.org.mk

Manager

Aleksandar Buzlevski
+38946261473
galicica@galicica.org.mk

Afdeling juridische, economische en algemene zaken

Afdelingshoofd: Sanja Rilkoska
+38975282203
sanja@galicica.org.mk

Afdeling Natuurbescherming

Afdelingshoofd: Andon Bojadzi
+38975282200
andon@galicica.org.mk

Afdeling voor duurzaam gebruik van natuurlijke hulpbronnen

Afdelingshoofd: Naumche Noveski
+38975282201
jimmy@galicica.org.mk

Afdeling voor alternatieve activiteiten en milieueducatie

Afdelingshoofd: Ognen Dostinoski
+38975282206
ognen@galicica.org.mk

Informatiepunt Prespa - Stenje

+38947484195
prespa@galicica.org.mk

Мапа