Црвеноклуниот лебед (Cygnus olor)-вид лебед кој спаѓа во фамилијата на патките, редот на гусковидните. Неговата природна распространетост се Европа и Азија и како редок зимски посетител во северниот дел на Африка. Тој е увезен и населен вид и во Северна Америка, Австралија и Јужна Африка. Овој вид лебед го има и во Македонија.
Возрасните единки на овој голем лебед се од 140-160 см долги, а во некои екстремни случаи дури и од 125-170 см долги, со распон на крилјата од 200-240 см. Мажјаците се поголеми од женките и имаат поголема џумка на клунот. Црвеноклуниот лебед има должина на тетивата на крилото од 53-62,3 см, писката (тарзусот) му е долга од 10-11,8 см, а клунот од 6,9-9 см. Црвеноклуниот лебед е еден од најтешките птици летачи. Мажјакот тежи во пресек од 11-12 килограми, а женките од 8,5-9 килограми.
Младенчињата до една година, наречени пајчиња, не се бели како возрасните и клуновите им се сивкасто-црни, а не портокалови. Долниот дел може да им биде бел или сиво-жолтеникав. Белите пајчина се со гени на редуцирана пигментација. Кога ќе созреат, сите црвеноклуни лебеди се бели, но понекогаш заради железото и танините во водата, перјето на главата и вратот може да им станат портокалово-кафеави.
Црвеноклуните лебеди се моногамни и прават големи џумкасти гнезда од крајбрежната вегетација или на остров или на брегот од езерото. Се хранат со водни растенија кои лесно ги дофаќаат во водата со своите долги вратови или наоѓаат храна на крајбрежјето. Звукот што го испушта црвеноклуните лебеди е вибрирачко бревтање од крилјата кога лета. Овој звук е специфичен и може да се слушне на оддалеченост од 1 до 2 километри.