Вид риба која е доста распространета во средишниот дел на Европа. Скобустот има издолжено тело, посебно прилагодено за пливање во водените струи. Карактеристично за овој вид риба се неговите усни кои се заоблени, дебели и тврди, односно прилагодливи за да се храни со стругање по камењата. Неговиот грб е темнозелен, грбната перка сива, а останатите перки се со портокалова боја.
Живее и се развива во ладни води со јаки струи. Омилени му се карпести дна, песок и ситни камења, кои неуморно ги превртува барајќи храна. Исто така му одговара и дно кое е прекриено со алги и трева, кои се основа во неговата исхрана. Тој се храни и со подводни црвчиња, бели црви, полжавчиња, па дури и со јајца од други риби.
Скобустот доживува полна зрелост измеѓу 3-4 година од својот живот, кога достигнува должина од 15-17 см. Се мрести во пролет (април и мај) кога температурите на водата достигнуваат од 6 C° до 8 C°. Во тој период скобустот се групира во јата во плитките води со песок. Секоја женка положува околу 50000-100000 јајца, кои мажјакот веднаш ги оплодува. Инкубацијата на јајцата трае десеттина дена.
Просечниот животен век на скобустот е од 10-15 години. За тоа време може да нарасне од 30-50 см, со тежина од 0,3 до 1,5 килограми.