ПОНТ во посета на ЈУНПГ
На ден 14.06.2021, во просториите на ЈУНПГ се одржа работен состанок на кој присуствуваа претставници на ЈУНПГ и претставници на МЕД (Македонско еколошко друштво) на кој беше дискутирано за досегашните остварувања на активностите на двете институциии кои се финансиски подржани од Фондот за природа (ПОНТ). На состанокот беше присутен и грант кооридаторот на ПОНТ Оливер Аврамоски, кој даде насоки за понатамошните активности фокусирајки се на мониторингот на биолошката разновидност во НПГ и на островот Голем град, како и за продолжување на еколошката едукација од страна на ЈУНПГ, согласно пет-годишната Стратегија за еколошка едукација која е составен дел на новиот План за управување со НПГ (2021-2030).
