Velosipedska pateka

Фото галерија - Планински велосипедизам

МТБ патеката Галичица е прекрасно место за планински велосипедизам. Патеката ги задоволува критериумите и на возачите кои прават почетни чекори  и на поискусните. Возењето по оваа патека на учесниците им нуди еден незаборавен поглед кон Охридското Езеро на потегот од Охрид до Крстец, етапата 1 – 3, поглед кој вечно останува во сеќавање. Останатиот дел од патеката  е трасиран по планинска висорамнина со тревна покривка. Изобилството на разновидната флора и интересните рељефни форми дополнително го зголемуваат задоволството при возењето.

Технички карактеристики

Старт

Охрид  -  697 м.н.в.

Цел

Охрид  ( Преку Два Јавори -1500 м.н.в )

Должина

55.2 км

Највисока точка

Крстец 1555 м.н.в.

Висинска разлика

858 м.н. в

 

velosipedska pateka