samatska dupka

Фото галерија - Пештера Самотска Дупка

 

Во паркот се регистрирани десеттина подземни карстни форми - пештери и пропасти. Пештерата Самотска Дупка е најголемата пештера во Националниот парк Галичица. Се наоѓа на источната страна од скарстената долина Студино, во горниот дел на помал скарстен дол кој попречно се спушта кон Студино. Вкупната должина на пештерата изнесува 224м. Најголемата висина на пештерата изнесува 9м. Низ Самотска дупка некогаш поминувала подземна река. Во пештерата се среќаваат пештерските украси салви, драперии и пештерски бисери, а сталактитите и сталагмитите се многу ретки.