Историска патека - Голем Град

На островот Голем Град постоела населба од времето на IV век п.н.е. и опстојувала до VI од новата ера. Од населбата се откриени куќи од хелинистичкиот период во кругот на црквата Св.Димитрија, а и три куќи од римската епоха на кои им служела и цистерна сместена во нивна непосредна близина. Во античката епоха населбата му припаѓала на македонското племе “Орести“. Од античкиот период се откриени погребувањата од IV век п.н.е. до I век п.н.е. и од IV век до VII век.

 Во средниот век островот претставувал манастирски комплекс каде биле изградени повеќе цркви (Св.Петар, Св.Димитрија, Св.Никола Влаија ). Во манастирскиот комплекс биле погребувани монасите, но и верниците од околните населби на копното кои биле духовно врзани со светците на островот. Погребувањето на островот трае до XV век, а монашкиот живот се обновувал и до средината на XX век.

Golem Grad

 

Пешачко-рекреативната патека – патека на Франкофонијата

Пешачко-рекреативната патека – патека на Франкофонијата,  „Студенчишта – Св. Петка – Студенчишта,“ се реализираше во соработка со Маѓународната организација на Франкофонијата и Министерство за животна средина и просторно планирање. 

Патеката е долга 6,3 км и започнува од месноста Студенчишта што всусшност и представува најниската точка на патеката со 697 м.н.в. Највисоката точка на патеката  е во селото Рамне на 960 м.н.в , а надморската висина кај Манастирот Св.Петка изнесува 820 метри.

Рутата на патеката е таква што поголемиот нејзин дел овозможува прекрасен поглед према Охрид, а истата може да се совлада без посебен напор од секој љубител на пешачењето низ природа. Делот од Студенчишта до Селото рамне нуди извонредна мошност и за рекреативните велосипедисти.

Pesacka pateka