novosti

26.04.2010 (Понеделник)

Уредени корита и коритски рид

Паркот продолжува со активностите со уредување и туристичка промоција на излетничките места во својата територија. Токму пред првомајските празници кои по традиција се поминуваат на излетнички места под отворено небо беа свечено промовирани и отворени две излетнички места. Корита и коритски рид.

Традиционалното излетничко место Корита конечно има свои содржини што ќе направат за посетителите престојот да биде поблагопријатен. Истото е направено и со видиковецот Коритски рид , за кој мора да се спомене дека е своевидна атракција во паркот и вреди да се посети. Тоа е единственото место во паркот од каде може да се виде целото крајбрежје на Охридско езеро.

Промоцијата се одржа во присуство на видни луѓе како од локалната така и од државната власт. Неизбежно беше присуството и на новинарите кои како седма сила многу придонесуваат за промоција не само за паркот ами и за целиот охридски регион како туристичка атракција.

До крајот на оваа недела во употреба ќе биде пуштено уште едно атрактивно место за посетитечите, Јадера, со што туристичката понуда се зголемува. Но тука оваа година нема да застанеме. Деновиве исто така ќе почне и воспоставување на системот на патеки низ паркот со што паркот полека но сигурно се истакнува како прв парк во државата кој наликува на парк по европските теркови.“ – истакна директорот на паркот г-дин Зоран Ангелоски.

 

korita
korita
korita
korita