novosti

29.04.2010 (Четврток)

УИ локалитетот Јадера спремен за 1ви Мај

После пикник локалитетите Корита и Кориски рид, уреден е и во употреба е пуштен и локалитетот Јадера,  кој се наоѓа на само 2 километри од Градиште. Со тоа паркот доби уште една рекреативна содржина по примерот на европските паркови.

Планината Галичица е уникатна по тоа што има голем број места од кои може да се видат прекрасни панорами над езерото и над градот. Ако овие места подобро се промовираат, а воедно се обезбеди и соодветен пристап до нив, може да бидат привлечни за туристите, планинарите и љубителите на природа.

- Покрај споменатите пикник-локалитети, планирано е да се уредат уште неколку атрактивни места за излет и рекрација. Исто така деновиве ќе почне и воспоставување на системот на патеки низ паркот. Системот ќе опфати патеки за пешачење, планинарење и за велосипедизам. Ќе има патеки и за рекреација, кои ќе бидат лесно совладливи, но и патеки за професионални, планинари и велосипедисти. Сево ова ќе придонесе за организирање на настани од европски и светски рамки – истакна Наумче Новески раководител на секторот за заштита и координатор на проектот финансиран од Германската KfW банка, која   финансира голем дел од активностите за модернизација на паркот.   

Сите овие активности укажуваат на тоа дека паркот Галичица ќе прерасне во модерен, европски национален парк, кој ќе придонесе за промоција на целиот Охридско-преспански регион, како и за промоција на рекреативниот планински туризам во Македонија.

 

Jadera
Jadera
Jadera
jadera