novosti

27.05.2010 ( Четврток )

Втора и завршна фаза на чистење на депониите

ЈУНП Галичица започна со втората, а воедно и завршна фаза во расчистување на дивите депонии во границите на паркот.

“Стратегијата за управување со цврст отпад успешно се спроведува во трите нејзини сегменти: подигнување на јавната свест, расчистување на паркот од диви депонии како и воспоставување на систем за оддржливо управување со цврстиот отпад – истакна директорот на паркот Зоран Ангелоски и додаде- оваа стратегија ќе трае се до 2014 година и сигурни сме дека ќе бидеме успешни во трите сегменти.“

Во првата фаза беа одвоени 5000 евра , а за оваа втора фаза донаторот на паркот му обезбеди дупло повеќе – 10000 евра. Втората фаза започнува од с.Елшани па ќе се одвива до Св.Наум како покрај регионалниот пат према Албанија така и во внатрешноста на паркот.

“За разлика од првата фаза каде дивите депоинии се расчистуваа на места само каде имаше пристапност на механизација овој пат ќе има чистење и на недостапни места за механизацијата т.е. ќе има и рачно расчистување- истакна раководителот на секторот за заштита на паркот Наумче Новески.

Според него после првата фаза нивото на свест во однос на оваа проблематика е на повисоко ниво но сепак не е достигнато она задоволителното ниво кое треба да се има како култура на однесувањето на луѓето во природата и додаде:

Проблемите од овој вид не ни ги создаваат луѓето кои живеат и екзистираат во паркот. Тие знаат како да го чуваат природното богатство  и природата. Проблемите и одложуваето на сметот доаѓа од луѓе кои се надвор од паркот. Но сепак со помош на месното население од паркот, другите надлешни институции. засилената контрола како и веќе поставениот видео надзор сметаме дека оваа појава целосно ќе ја елимираме“.

И оваа активност на вработените во паркот е во рамките на Проектот за “Поддршка на НП Галичица“ финансиран од страна на германската KfW банка а се спроведува со ЈП Комуналец од Охрид.