naselenie

Територијата на паркот се протега на две општини Охрид и Ресен, во чии граници се вкупно 18 села од кои 14 во Охридска и 4 села во Ресенска општина. На Охридската страна на паркот се селата: Елшани, Коњско,  Трпејца, Љубаништа, Пештани, Рача, Велестово, Рамне, Шипокно и населбите: Лагадин, Долно Коњско, Исток, Елешец и Св.Стефан. На Ресенската страна на паркот се селата: Отешево, Лескоец , Стење и Коњско. Вкупниот број на на жители во населените места во паркот изнесува 5400 (попис 2001 година).  

Основното занимање на населението е сточарство и земјоделие, претежно во селските населби во планинскиот дел а додека во крајбрежнот дел, каде што се наоѓаат и најголемиот дел од населбите населението се занимава со риболов и туризам, со издавање на соби и апартмани во летниот период.  

Како резултат на лошата социо-економска политика во минатото, забележлив е процесот на миграција на населенито во помоголемите населени места о места поблиску до патиштата кои ги поврзуваат поголемите населени места.  Како резултат на тоа жителите на село Велестово се населлувале во Рача, жителите на Коњско ( охридско ) во село Долно Коњско, а жителите на Шипокно во населбата Св.Стефан. Непревземањето на соодветни мерки за подобрување на состојбата и запирање на овие процеси довеле до тоа селото Отешево да остане само топоним на картата, без присуство на постојани жители во селото и напуштеност на селата Лескоец и Коњско(Ресен).  

Од вкупниот број на население кое живее во границите на паркот (5400), Македонци се 5355, Срби 17, Турци 9, Албанци 3, Власи 2, 11 лица припаѓаат на друга националност а додека 3 лица не се изјасниле (попис 2001 година).  

Во однос на старосната структура најголем број население има во групата од 30 – 34 години  451 жител, а останати се 15 - 19 години 430,   20 – 24 години 406 жители, 405 жители припаѓаат на старосната група од 10 -14 години, од 35 – 39 години има 397 жители и.т.н. што значи дека најголем број на населението во граници на паркот припаѓа на младото и зрело население.

Елшани

Елшани е планинско село со 590 жители и до него води тесен асвалтиран пат кој се издвојува од патот кој води за Св. Наум кај автокампот Елешец.  Во селото има основно училиште, но само до четврто одделение.

Понатамошното школување на децата се изведува во селата Рача и Пештани. Работниот ангажман на жителите на ова село е поврзан со градот Охрид и околните туристички објекти.

Коњско, Охрид

Селото  Коњско се наоѓа на 6 - 7 километри одалеченост од Охрид. Тоа е планинско село со претежно стари, празни куќи кои повремено се користат. Во ова село има 22 жители, сите со старост од над 15 години. Миграцијата на жителите на ова село била насочена најмногу кон Долно Коњско, за подобри услови за егзистенција.

 Во селото сега живеат десеттина домаќинства. Мал дел од нив постојано се во селото. Тоа се претежно стари лица кои примаат пензија или се издржувани лица од други членови на семејството. Неколку жители се занимаваат со сточарство. Имаат стада од стотина овци, кои ги пасат во околината на селото. Дел од јагнињата ги продаваат, а населението произведува и сирење.

Трпејца

Трпејца е село на дваесеттина километри од Охрид, под патот кон Св. Наум на брегот на Охридското Езеро во мал залив. Низ селото се оди по мали тесни улички, а до брегот се стигнува само пеш. Карактеристична е чистата езерска вода во овој дел која ги привлекува гостите во летниот период. Во ова село живеат 303 жители.

Во минатото главно занимање на жителите на ова село бил риболовот и сточарството. Денес Трпејца во летниот период ја посетуваат туристи кои се сместуваат во приватните куќи. На брегот во летниот период работат неколку ресторани.

Љубаништа

Ова село е последното село на територијата на паркот пред државната граница со Р. Албанија. На оддалеченост од околу два километри се наѓа манастирскиот комплекс Св. Наум и изворите на Црн Дрим. Овој комплекс има голема историска, културна и туристичка вредност за целата држава. Според пописитот во 2002 година во Љубаништа живеат 171 жител. Од нив најголем дел се постари лица кои живеат во горниот дел од селото каде преовладуваат постари камени или реновирани куќи.

Во долниот дел од селото се изградени викенд куќи кои се користат само за одмор во летниот период. Во селото постои стара училишна зграда од времето кога во селото бројот на деца бил поголем и се изведувала настава. Денес малиот број деца учат во Пештани.

Пештани

Се наоѓа на брегот на Охридското Езеро, оддалечено околу 10 км. од Охрид. Во селото живеат 1326 жители и е најголемо населено место на територијата на паркот. Во непосредна близина на селото е хотелот Десарет, автокампот Градиште, а и во самото село има неколку помали приватни хотели, објекти за апартманско сместување и ресторани.

Може да се рече дека Пештани функционира како туристичка населба во летниот перид. Животот  на ова село е тесно поврзан со езерото, а во минатото риболовот бил основен извор на егзистенција на жителите на ова село. Во селото има основно осумгодишно училиште каде се школуваат деца и од околните населени места.

Рача

Селото Рача се наоѓа на 2 км. оддалеченост од Охрид, веднаш над патот кој води од Охрид за Св. Наум. Ова село е едно од поголемите села на територијата на Националниот Парк Галичица и брои 1034 жители. Голем дел од жителите се со потекло од Велестово, доселени тука, поради близината на градот и подобрите услови за живот. Низ селото поминува Рачанска река чии води се влеваат во Охридското Езеро.

Во осумдесеттите години кога Охрид и Охридско бил посетуван од поголем број странски туристи, најмногу Холандски, жителите од Рача и Велестово ја покажувале својата гостопримливост со нудење услуги за прошетка на туристите низ планината на своите магариња и послужување на специјалитети на народната кујна.

Најголем број од жителите на Рача својот работен ангажман го остваруваат во градот Охрид и околните туристички објекти. Дел од домаќинствата кои се поблиску до патот кој води за Св. Наум, за време на летната туристичка сезона, издаваат легла и апартмани за приватно сместување. Некои домаќинства имаат изградено нови објекти за таа намена или ги адаптирале куќите во кои живеат.

Велестово

Од Охрид до селото Велестово одалечено 4 - 5 км. се оди по асвалтиран пат. Местоположбата на селото од каде има прекрасен поглед на езерото и градот Охрид придонеле ова село да биде атрактивно за купување на земја и изградба на современи викенд куќи.

Изминативе дваесеттина години поголем дел од сопствениците ги продавале своите ниви на луѓе кои ги привлекла убавината на селото. Новите куќи се користат повремено најчесто во летниот период. Мал број жители од 7 - 8 домаќинства постојано живеат во селото. Според пописот во 2002 година селото брои 45 жители и тоа сите постари од 15 години. Барајќи подобри услови за живот се преселиле најчесто во селото Рача и во Охрид.

Оние жители кои остануваат  во селото преку целата година  во најголем број се пензионери, а неколку жители се занимаваат и со овчарство. Приходите кои ги остваруваат од одгледувањето на овци и производство на сирење.

Рамне

Селото Рамне е оддалечено од Охрид 4-5 км. Реалниот број  на постојани жители е мал, 2-3 домаќинства, но при пописот на населението спроведен во 2002 година, 632 се изјаснале како жители на селото Рамне. Од нив 559 се лица постари од 15 години. Поголемиот број на куќи се стари и напуштени, изградени од камен и плитар. Изградени се и нови современи куќи кои повремено се користат.

 Немањето водовод е една од причините за тешката услови за живот во селото. Старата училишна зграда е сведок за времето кога се вршела настава за ученици од основно образование. Денес најголемиот број од жителите својата работна активност и остварување на приходи ја остваруваат со вработување во Охрид. Исклучок се неколкуте сточари и собирачи на лековити билки и ароматични растенија.

Шипокно

Селото Шипокно е планинско село, со неколку стари куќи.  Според пописот има само 5 жители. Во селото е спроведена електрична енергија но нема водовод и канализација. Со вода се снабдуваат од заедничка чешма во селото.

Поради немање услови за пристоен живот, жителите го напуштиле селото и во најголем број се доселиле во пониските делови, формирајќи ја населбата Св. Стефан. Денес во селото постојано живеат двајца жители.

Лагадин

Оваа населба е на самиот брег на Охридското Езеро на околу 7 км. одалеченост од Охрид. Има мал број на постојани жители - 20. Но, населбата има повеќе современи куќи, вили , хотели и рестрани.

Пред триесеттина години тоа беше место каде се градеа вили во сопственост на видни граѓани од поголемите места од Македонија. И денес Лагадин е привлечно место за живеење. Населбата има водовод и канализација а нема училиште.

Долно Коњско

Селото Долно Коњско е на околу 5 километри оддалеченост од Охрид. Има стотина куќи, кои во најголем дел се сопственост на семејства доселени од Горно Коњско. Дел од куќите се во сопственост на жители на други населени места, како викенд или куќи за постојано живеење. Во селото живеат 551 лице од сите старосни групи.

Работоспособното население својот работен ангажман го остварува на работни места во приватни и јавни претпријатија во Охрид и во туристичките објекти на брегот од езерото. Дел од домаќинствата остваруваат приходи од издавање легла за време на туристичката сезона. Убавините на пределот и близината на Охридското Езеро го направиле ова место привлечно за живеење.

Отешево

Селото Отешево денес е мртво село во кое нема постојани жители, а останати се само стари, видно оштетени куќи кои се траги за некогашниот живот во ова село.

Лескоец

Лескоец според територијалната поделба спаѓа во општина Ресен и има само 12 жители. Тоа е планинско село што се наоѓа на оддалеченост од околу дваесеттина километри од Ресен. До него води асвалтиран пат кој се двои кај местото Царина од патот кој покрај брегот на Преспанското Езеро води за Стење и државната граница со Р. Албанија. Куќите во селото се стари и оштетени.

Во последните неколку години се изградени мал број на викенд куќи кои се користат во летниот период. Постојаните жители на селото се постари луѓе. Помладите членови го напуштиле селото барајќи подобри услови за живот.

Стење

Стење е најголемото село на територијата на НПГ од Ресенската страна. Се наоѓа на дваесеттина километри од Ресен на брегот од Преспанското Езеро во близина на меѓудржавната граница со Р. Албанија. Има 438 жители од сите старосни групи.

Децата основното образование го завршуваат во училиштето во селото. Активностите и работниот ангажман на жителите најчесто е насочен кон Ресен.  Местоположбата на селото претставува потенцијал за развој на туризмот, па за време на летниот период се нуди приватно сместување.

Коњско, Ресен

Селото Коњско Според пописот од 2002 година има 3 жители, но тоа се стари лица чија здравствена состојба допринела тие да се кај своите блиски во други населени места. Селото во изминатите години постојано било напуштано од жителите. Останати се празни стари куќи кои само повремено се користат во потоплите делови од годината.

Последниве 2 - 3 години жители од други градови на Македонија го откриваат Коњско како атрактивно место за викенд и одмор. Изградени се неколку куќи за одмор кои ретко се користат.