По пауза од неколку децении, повторно е евидентирано присуството на балканскиот рис во Национален парк „Галичица“. Една единка беше „заловена“ од фотозамки, покрај оградата на Репродуктивниот центар за елени на НП „Галичица“. Се надеваме дека оваа голема мачка ќе си го најде својот дом на оваа планина, а ние ќе продолжиме со нашите напори да го зачуваме неговото живеалиште.