Доделувањето на наградите на учесниците од Јавниот конкурс за изработка на инсталации на тема „Обележјата на Национален парк Галичица“, се одржа денес (30.10.2020) во Инфо Центарот на ЈУНПГ во Охрид. Учесниците имаа можност да ги подигнат своите награди во период од 10 до 14 часот, максимално почитувајќи ги протоколите за заштита од Ковид – 19. Јавната установа Национален парк Галичица уште еднаш изразува голема благодарност до сите ученици и ментори за вложениот труд и умешноста во овие услови да ја покажат својата креативност и мотивираност.