Детали

Манастирскиот комплекс Свети Архангел Михаил - Свети Наум е изграден на висок стрмен брег со прекрасен видик кон езерото. Источно од манастирот, во неговата непосредна близина, широко се разлеваат обилните извори на карстниот вруток. Импресивната глетка на бистрите и студени води кои се влеваат во Охридското Езеро, создаваат многу живописно место кое е богато со растителен и животински свет, со бројни реликтни и ендемични видови.

Големиот број подводни и површински извори даваат бистра, проѕирна и ладна вода преку целата година. Боите на површината од подводните камења кои се менуваат или прелеваат една во друга од сиво-црна, кон кафеава, жолто-зелена, зелена, сино-зелена, црвенкасто-виолетова или виолетова, доаѓаат од различните видови алги, кои во вид на меки престилки или калцифирани корички ги препокриваат потполно камењата.

Карстниот вруток кај манастирот Св. Наум со својата непосредна околина се издвојува со својот неповторлив спој на природни и културни вредности и исклучителната природна убавина, поради што се вбројува меѓу најзначајните туристички одредишта во Македонија и пошироко.

Мапа со локација

Галерија